Обнова на дозвола за работа

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ

Рок за поднесување на барањето е 29 јуни 2013 година – барањето може да се поднесе по пошта или лично во архивата на Министерството за здравство

ПОДНОСИТЕЛ НА БАРАЊЕТО Е ДИРЕКТОРОТ

Барањето го поднесува директорот на здравствената установа, кој треба да е потпишан на барањето (со полно име и презиме и скратен потпис) и да има печат на установата (т.н. кружен печат)

ДОКУМЕНТИТЕ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО КОПИЈА

Целокупната горенаведена придружна документација се поднесува во копија, со назнака „верно на оригиналот”, потврдено со потпис на директорот и печат од установата (на секој одделен документ), документите кои ги изработува установата (скица на просторот и листа на опрема) – со потпис на директорот и печат од установата (на секој одделен документ), а елаборатот – со потпис на основачот

ВО БАРАЊЕТО СЕ НАВЕДУВААТ СИТЕ ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ НА УСТАНОВАТА

Доколку здравствената установа има повеќе организациони единици во нејзин состав, образецот на барањето треба да се пополни со наведување на соодветните тимови по организациони единици и вршењето на дејноста во мрежата или надвор од мрежата за секој од тимовите поединечно

ДОКОМПЛЕТИРАЊЕ и УРЕДУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

Некомплетните барања нема да се одбиваат, а странките соодветно ќе бидат информирани за евентуалната потреба за уредување на доставените или за доставување на  други докази кои може да произлезат во текот на постапката за обновување на дозволата, а во зависност од видот на здравствената установа, дејноста што ја врши и, генерално, од потребата да се утврдат сите факти и околности за донесување на решение за обнова на дозволата за работа согласно новиот правен режим утврден со новиот Законот за здравствената заштита (подносителот на барањето ќе биде контактиран според наведените контакт-податоци наведени во барањето, а првенствено на наведениот e-mail во барањето)

РАБОТЕЊЕ ДО ОБНОВУВАЊЕТО НА ДОЗВОЛАТА

До обновувањето на дозволата за работа, постојните здравствени установи продолжуваат да ја вршат здравствената дејност за која имаат дозвола за работа согласно со стариот Закон за здравствената заштита (постојните здравствени установи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја сочинуваат мрежата на здравствени установи и продолжуваат, во рамките на мрежата, да ја вршат здравствената дејност за која имаат дозвола за работа издадена согласно со стариот Закон за здравствената заштита)

ЦЕЛ НА ОБНОВУВАЊЕТО

Целта на обновувањето на дозволите за работа е да се усогласи работењето на здравствените установи кои добиле дозвола за работа во различни правни режими на нивно издавање од 1992 година до 2013 година, согласно новиот Закон за здравствената заштита

ДОКУМЕНТИ

- Обнова на дозвола (во мрежа)

- Обнова на дозвола (надвор од мрежа)

- Правилник за висината на трошоците на постапката за оценување на исполнувањето на условите…